ХОРОР КАЈ ПЕЛОПОНЕЗ, СЕ ПРЕВРТЕ БРОД ПРЕПОЛН СО МИГРАНТИ, 32 СЕ УДАВИЈА! Досега се спасени вкупно 104

На рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос, на Пелопонез, имало најмалку 400 лица.

126

Најмалку 32 лица ги загубија животите откако рибарски брод со голем број мигранти се преврте во меѓународните води во близина на Пелопонез во јужна Грција, соопштија претставници на крајбрежната стража.

Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 лица, поради што се стравува дека стотици луѓе се водат како исчезнати, пренесува Катимерини. Досега се спасени вкупно 104 мигранти.

Поврзани содржини