ХОЛОГРАМИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ДОПРЕТЕ Научниците користат воздух за да имитираат допир
Слично како и претходните сензорни холограми за допир, „аерохаптичкиот“ систем не бара рачен контролер или паметни ракавици за да произведе чувство на допир. Наместо тоа, млазот од воздух, кој може да реагира на движењата на вашата рака, исфрла воздух со соодветна количина на сила врз вас.
Истражувачите развиле холограм кој ви овозможува да посегнете и да го „почувствувате“, слично како на Холодекот од Стар Трек, открива Футуризам. Како да не беа доволни искуствата со Виртуелната реалност, сега и ова?
Научниците од Универзитетот во Глазгов создадоа холограмски систем кој фрла воздух за да го имитира чувството на допир, според Равиндер Дахија, истражувач кој работел на проектот. Дахија вели дека вака брзо исфрлениот воздух, како млаз, може да ви овозможи да ги почувствувате „прстите, рацете и зглобовите на луѓето“. Тимот го објави труд во „Напредни интелигентни системи“.
„Со текот на времето, ова може да се развие за да ви овозможи да се запознаете со виртуелниот аватар на колега од другата страна на светот и навистина да ја почувствувате неговата дланка кога ќе се ракувате. Ова може да бидат првите чекори кон изградба на нешто како холодек“, напиша Дахија.
Слично како и претходните сензорни холограми за допир, „аерохаптичкиот“ систем не бара рачен контролер или паметни ракавици за да произведе чувство на допир. Наместо тоа, млазот од воздух, кој може да реагира на движењата на вашата рака, исфрла воздух со соодветна количина на сила врз вас.
Дахија и неговиот тим го тестираа ова со интерактивна проекција на кошаркарски баскет, проекција за која тој рече дека „убедливо може да се допре, да се тркала и да се одбие“.
– Повратните информации за допир од воздушните млазеви од системот исто така се модулираат врз основа на виртуелната површина на баскетот, што им овозможува на корисниците да ја почувствуваат заоблената форма на топката како што се тркала од врвовите на прстите кога ја одбиваат и ударот во дланката кога топката ќе им се врати – вели тој.
Иако е рано да мислиме дека системот наскоро ќе биде достапен за да можеме да ги исполниме нашите Шерлок Холмс фантазии, како што тоа го правеше командирот Дата во Стар Трек, сепак, оваа технологија во идинина ќе се искористи за да се создадат прилично хиперреални искуства со видеогрите.
Според Дахија, технологијата би можела значајно да им помогне и на лекарите низ светот за „холографски“ да третираат пациенти кога не се во операционата сала.