Холивудските ѕвезди од коронавирусот бегаат во Австралија

875

Кога Крис Хемсворт, Идрис Елба и Мет Дејмон се појавиле заедно на Инстаграм, многу обожаватели се запрашале што се случило со маските и безбедното растојание.

Одговорот е, фотографијата е направена во Австралија, која стана рај за холивудските актери кои таму избегаа од пандемијата, која во Америка и понатаму сериозно пустоши и сѐ држи во место, додека во Австралија работите одат полека, но сигурно напред.






Покрај тоа, Австралија стана не само рај за sвездите, туку и за продукција на холивудски филмови кои таму се преселија со снимањето. Владата во Авастралија донела дури 22. меѓународни продукции и инјектирала стотици милиони долари во локалната економија.

Но, ова однесување наиде на критики кај Австралијанците кои поради пандемијата се „затворени“ во другите земји и не се во можност да се вратат дома. Присуството на холивудските sвезди многумина налути.

„Сите знаат дека постојат други правила за оние кои се славни и имаат пари. Сè уште има многу луѓе кои не можат да се вратат дома и кои се заробени во другите земји”, рекол Даниел Тусија, еден од Австралијанците кој лани со целото семејство со месеци беше заглавен во друга земја.

И додека некои се во Австралија само привремено и поради работа, некои таму се преселија, а еден од нив е Зак Ефрон. Ќе има сѐ повеќе познати sвезди, а ниту тоа не му се допаѓа на локалното население кое тврди дека приливот на богати странци значајно им го отежнува купувањето недвижности.

 

Поврзани содржини