📷 📽️ ХОЛИВУДСКИОТ ЗАВОДНИК СО 20 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА ЛЕТУВА ВО ХРВАТСКА Ги одаде пивото во раката на манекенката

Девојката на холивудскиот заводник Ченинг Тејтум објави нови фотографии и видеа од одморот, кои изгледа се направени на Јадранското Море.

283

Девојката на холивудскиот заводник Ченинг Тејтум објави нови фотографии и видеа од одморот, кои изгледа се направени на Јадранското Море. Инка Вилијамс на својот профил на Инстаграм сподели видео од јахта во далечината додека таа и актерот се осамиле. Се чини дека тој решил да весла и да планинари, а нејзе ѝ нашол мирно место на брегот за да одмори.

Во видеото, тој како да вели дека е најдоброто што можел да го најде, а таа, многу задоволна, му кажува дека местото е совршено и му се заблагодарува што се погрижил за тоа.






 

Се чини дека со еден детаљ Инка Вилијамс потврди дека се во Хрватска, иако добро се кријат од погледите. Имено, на селфито што го направила на плажа, таа држи пиво во рака од загрепската пиварница.

Фото: Приватна архива

 

За тоа време, Ченинг се оддалечува од неа веслајќи, додека го држи ранецот во скут.

 

Фото: Приватна архива

 

Ченинг Тејтум (45), американски актер и модел, и австралискиот модел Инка Вилијамс (25) се забавуваат од почетокот на 2025 година, а нивната врска стана јавна кога беа видени заедно на забавата по повод доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес на 28 февруари 2025 година. Ова се случи само неколку месеци откако Тејтум ја раскина свршувачката со Зои Кравиц, во октомври 2024 година.

Врската стана официјална откако таа ја објави на социјалните мрежи. По повод 45-тиот роденден на актерот, Вилијамс објави колаж од фотографии исполнети со споделени моменти на својата приказна на Инстаграм. На една од фотографиите, Тејтум ја бакнува, додека на други, двојката се забавува, се дружи со своите кучиња и се релаксира на сонце.

„Среќен живот на најзгодното, најљубезното, најсмешното, најглупавото, најпрекрасното човечко суштество досега!!!“, напиша Вилијамс со објавата. „Ти благодарам што го правиш животот убав и забавен“, додала таа. Инка ја завршила објавата со реченицата „JTM trop fort“, што е француски сленг за „Те сакам многу“.

 

Фото: Приватна архива
Поврзани содржини