📷 ХОЛИВУДСКИОТ ШМЕКЕР НАПОЛНИ 60 ГОДИНИ Бред Пит го прослави роденденот со Инес во романтичниот Париз
Бред Пит го прослави 60-тиот роденден заедно со пријателите и неговата девојка Инес де Рамон прво во Париз, а потоа одлетаа за Лос Анџелес, каде го продолжија славањето во познат ресторан, објавија светските медиуми.
Еден од најпосакуваните мажи на планетата, Бред Пит пред два дена наполни 60 години. Славниот актер Бред Пит го прослави 60-тиот роденден заедно со пријателите и неговата девојка Инес де Рамон прво во Париз, а потоа одлетаа за Лос Анџелес, каде го продолжија славањето во познат ресторан, објавија светските медиуми.
View this post on Instagram
Сега се појавија фотографии од роденденската забава на актерот. Фотографите го фатиле во друштво на неговата девојка Инес де Рамон (34) во Париз. Другите фотографии го покажуваат славниот актер со Инес и блиски пријатели пред ресторанот „Мадр вулф“ во Лос Анџелес, објави ТМЗ.
Инес носи балон во раката, а Бред им се смешка на фотографите.
Двојката пристигнала на вечера во добро расположение.
View this post on Instagram
Потсетуваме, дека холивудскиот заводник имал многу љубови, но се паметат само две. Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од најубавите холивудски парови во раните 2000-ти, а нивниот развод следуваше поради романсата со Анџелина Џоли. Пит и Џоли беа долги години заедно, сèе до нивниот развод кој сè уште е скандали.
Пит има шест деца со Џоли, а нивната битка за развод и старателство ги полни медиумските колумни.
Пит сега е во среќна врска со убавицата Инес де Рамон. Нивната врска првпат стана беше обелоденета во ноември 2022 година.