📽️ ХОЛИВУДСКИОТ АКТЕР СО ТУПАНИЦИ ПРЕТЕПАЛ ЧОВЕК НА УЛИЦА Едвај го запреле, крв на сите страни

Ѕвездата на „Мачета“ и „Деца шпиони“ збеснал на парадата на Денот на независноста во Лос Анџелес, каде бил гостувачка ѕвезда.

1,827

Холивудскиот актер Дани Трехо (80), по потекло од Мексико, на 4 јули, на парадата за Денот на независноста на Америка, физички нападнал маж кој го погодил со воден балон.

Ѕвездата на „Мачета“ и „Деца шпиони“ збеснал на парадата на Денот на независноста во Лос Анџелес, каде бил гостувачка ѕвезда.






Трехо се движел по патеката на парадата во кабриолет кога го погодил воден балон, што го натерало да излезе од возилото за да се соочи со човекот.

На видеото што го снимиле шокираните сведоци, се гледа како Трехо и човекот физички се пресметуваат со тупаници.

Успеале да го совладаат актерот и тој бил соборен на земја, додека неговиот пријател останал со човекот кој го нападнал, а кој бил облеан во крв.

Полицијата изјавила за американскиот портал ТМЗ дека имало повик на радио за масовна тепачка, но толпата веќе се разотишла додека пристигнале, па не биле уапсени.

 

Дани Трехо е најпознат по улогите во филмовите „Десперадо“, „Беше еднаш во Мексико“, „Анаконда“, „Мачета“, „Крв за крв“, „Деца шпиони“ и други.

 

Поврзани содржини