🎥 ХОЛИВУДСКИОТ АКТЕР ПЛАЧЕ ОТКАКО ГО ИЗГУБИ ДОМОТ ВО ПОЖАРИТЕ „Еден ден пливате во базенот, а следниот го нема сето тоа“

Холивудскиот актер Џејмс Вудс (77) се расплака во текот на интервјуто за „Си-ен-ен“ додека зборуваше за разорниот пожар во Пацифик Палисадес, Лос Анџелес, кој му го уништи домот.

701

Холивудскиот актер Џејмс Вудс (77) се расплака во текот на интервјуто за „Си-ен-ен“ додека зборуваше за разорниот пожар во Пацифик Палисадес, Лос Анџелес, кој му го уништи домот.

„Нашата прекрасна мала куќа“, рече тој, објаснувајќи како со сопругата Сара Милер-Вудс поминале голем дел од пандемијата на ковид-19 живеејќи во хотел додека нивната куќа се реновирала. Во реновираниот куќа се вратиле минатиот месец.






– Мислев дека ќе бидам посилен од ова – рекол актерот, кој во текот на интервјуто неколкупати се расплакал, зборувајќи за ужасната ситуација во неговото соседство.

– Еден ден пливате во базенот, а следниот сето тоа го нема – рекол Вудс говорејќи во етерот со водителката на „Си-ен-ен“, Памела Браун.

„Некои работи ќе расплачат дури и возрасен маж“, напишал Вудс на социјалната мрежа Икс.

Вудс емитувал видео во живо од пожарот во близина на неговиот дом на Икс и објавил дека пламенот беснее во куќата на соседот. Неколку часа подоцна тој открил дека детекторите за чад во неговата куќа испраќаат сигнали до неговиот телефон, што значело дека пожар го зафатил и неговиот имот.

„Не можев да поверувам дека нашиот убав мал дом траеше толку кратко. Чувството е како да си изгубил некој близок“, напишал тој на Икс, додавајќи: „Тоа ја тестира вашата душа, губите сè одеднаш“.

Поврзани содржини