Џерард Батлер дефинитивно знае како да ужива – 51-годишниот шкотски актер во екот на пандемијатата на коронавирусот, замина на одмор во Мексико. Батлер е снимен во Тулум, популарно летувалиште омилено меѓу богатите и славните, а иако постојано бил опкружен со многу убавици, се чини дека една бринета особено го привлекла.
Ѕвездата на филмовите „300“ и „П.С. Те сакам“ не се одвојувал од неа дури ниту во океанот, а младата дама го привлече вниманието и со минијатурното бикини во кое ја покажала беспрекорната линија.
Многумина се убедени дека на повидок е нова љубов, иако Џерард во моментот мудро молчи за својот приватен живот.
Но, во март годинава беше потврдено дека славниот актер ја раскинал долгогодишната врска со поранешниот модел Морган Браун. Батлер, наводно, не бил подготвен сериозно да се врзе, а тоа го сфатил во – Мексико! Имено, сега веќе поранешната двојка била таму на нивното последно заедничко патување, во текот на кое сфатиле дека најдобро е секој да тргне по својот пат.
– Тој никогаш нема да се смири! Тој ја сака слободата и само сака да ужива што е можно повеќе во сè што животот му нуди – коментирале тогаш неговите блиски пријатели.
ФОТО: Инстаграм