Холивудската ѕвезда откри: Се разведувам по 8 години брак, следуваат повици во 4 часот наутро

1,030

Американската актерка Кејт Босворт на својот инстаграм-профил објави дека се разведува од својот сопруг, режисерот Мајкл Полиш, по осум години брак.

„Заедно, изминативе 10 години, Мајкл и јас избиравме љубов секојпат. Денес се држиме за раце како што правевме на нашата венчавка. Нашите очи гледаат подлабоко еден во друг, но сега со повеќе храброст. Се разделуваме и си ветуваме дека нашата љубов никогаш нема да заврши… Нашата најголема чест беше да ја доживееме оваа љубов и ќе продолжиме да ѝ се восхитуваме на убавината на еволуцијата на љубовта. Она што се случува кога ќе стигнеме до крајот на ова нешто и ќе сфатиме – ние само, сме на еден друг почеток”, напиша таа, меѓу другото, во подолгата емотивна објава на Инстаграм.






„Љубота се продлабочува, срцето се шири. Знаеме дека следуваат повици во четири наутро.  Се смееме додека го планираме наредниот заеднички филм и возбудени сме што можеме да ја споделиме нашата најнова соработка“, додека Босворт во објавата.

Кејт и Мајкл се запознаа во 2011 година, на снимањето на драмата „Биг Сур“ што тој ја режираше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Bosworth (@katebosworth)

Поврзани содржини