„ХОЛИВУДСКАТА СИРЕНА“ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТА ПО 12 ГОДИНИ Актерката изгледа непрепознатливо! (ФОТО)
Бриџит Фонда го доби прекарот „Холивудска сирена“, а последен пат нејзина фотографија беше видена во 2009 година.
Бриџит Фонда беше прогласувана за една од најубавите жени на јавната сцена, а познатата актерка неодамна беше видена во јавноста по долга пауза. Луѓето велат дека повеќе не личи на себе.
View this post on Instagram
Бриџит Фонда се повлече од актерството во 2002 година, а по долга пауза конечно беше видена во јавноста. Таа во средата е фотографирана во Лос Анџелес и реакциите се бурни. Бриџит Фонда го доби прекарот „Холивудска сирена“, а последен пат нејзина фотографија беше видена во 2009 година. Секако, времето на сите им минува со иста брзина, вклучувајжи ја и Бриџит, која денес има 58 години.
Не е ни чудо, би рекле многумина, но не и коментаторите на интернет кои се полни со отровни коментари по наводното објавување на нејзините нови фотографии.
„Таа изгледа проклето ужасно“, „Дали сте сигурни дека навистина е таа?“, „Што се случи со таква убавица?“ „Еве, седам и споредувам слики веќе половина час и уште ми е чудно дека тоа е таа!“, „Па, барем да видиме со што се занимава таа сега во пензија – со грицки и слатки “, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Бриџит Фонда, позната по бројните улоги во култни филмови како „Џеки Браун“ на Тарантино или „Кум 3“, се посвети на семејството и се повлече од актерството. Таа е во брак со Дени Елфман со кој го има синот Оливер (17).
Бриџит потекнува од познато актерско семејство – нејзиниот татко е Питер Фонда, нејзината тетка е Џејн Фонда, а нејзиниот дедо е Хенри Фонда. Сепак, таа одлучи да се повлече од сцената и да се повлече од јавноста.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм