Холивудската двојка дознала во емисија дека се роднини, по 30 години брак! ВИДЕО

1,934

Актерската двојка Кевин Бејкон и Кира Сеџвик, по 32 години брак, откриле дека се всушност во роднинска врска.

Во емисијата „Finding Your Roots“, која се занимава со проучување на семејното стебло на познати личности, холивудските sвезди дознале дека тие се далечни брат и сестра.






Водителот на емисијата Хенри Гејт Луис, покажал ДНК докази кои илустрираат дека Кира Сеџвик и седум години постариот Кевин Бејкон се роднини во деветтото колено.

По првиот шок, откако дознале дека не се само маж и жена, за нив следувало олеснување, бидејќи било утврдено дека се работи за деветто колено.

Кевин и Кира имаат две деца, синот Тревис и ќерката Соси.

– Таа е љубовта на мојот живот, веднаш тоа го знаев. Но, кога влезе во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Сепак, љубовта се случи и нашите деца почнаа да се раѓаат, а конечно почнаа да се нижат и понуди за филмови – ја опишал во една прилика Кевин Кира, која ја запознал за време на снимањето на филмот „Лимон небо“.

 

Поврзани содржини