ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА ВО ХРВАТСКА ДОЖИВЕАЛА РАСИСТИЧКИ НАПАД Никогаш не сум почувствувала толку голема омраза

1,279

Сопругата на НБА ѕвездата за расистичкиот напад во Хрватска: “Никогаш не сум почувствувала толку голема омраза”

Холивудската актерка Габи Јунион Вејд, сопругата на НБА ѕвездата Двејн Вејд, во своите нови мемоари го опишала непријатното искуство коешто го доживеала во Хрватска кога била на одмор во Дубровник со пријателите во 2019 година.






Во своите нови мемоари „You Got Anything Stronger?“ се присетила на инцидентот кој го доживеала со друштвото во еден ноќен клуб.

– Сакавме да ги имитираме чекорите на Серсеј од „Игра на тронови“ – рекла за магазинот „Пипл“, зборувајќи за популарната локација во Дубровник каде се снимала популарната серијата.

Наместо тоа, доживеала, како што вели, страшен инцидент кој и денес ја потресува.

Актерката со пријателите влегла во клуб мислејќи дека е геј бар, но кога погледнале наоколу сфатиле дека се опкружени со луѓе кои ги доживеале како „неонацисти“, кои веднаш ги исплашиле.

– Никогаш не сум го почувствувала тоа ниво на омраза и закани со физичко насилство – се присетила Габи која рекла дека групата насилници ги следеле по улицата кога заминувале.

„Беше страшно. А стравот и адреналинот од тоа што се случи сите нѐ остави парализирани од страв.“

Габриел додала во својата исповед дека како Афроамериканка секој ден се соочува со расизам.

 

 

 

Поврзани содржини