Холивудската актерка објави дека е трансродна, го смени името во Елиот ФОТО

504

Актерката Елен Пејџ (33), ѕвездата од „Џуно“ и „Амбрела академија“, во вторникот откри дека е трансродово лице и дека го сменила своето име во Елиот.

Во изјавата која е објавена на твитер-профилот кој го носи името Елиот Пејџ пишува:






„Сакам да споделам со вас дека сум трансродна личност, моето име е Елиот и јас сум машко. Имам многу среќа што сум во ситуација ова да го напишам и среќен сум што сум тука и што стасав до тука во својот живот.“

„Не можам да искажам колку е извонредно чувството конечно да сакам тоа што сум, да се сакам себе доволно за да го остварам своето автентично јас“, напиша Пејџ на Инстаграм во објавата насловена „Сакам што сум трансродна. И сакам што сум геј“.

После објавата, Пејџ го промени името на својот профил на Твитер, а набрзо беше преплавен со поддршка и од некои свои колеги, меѓу кои Миа Фароу и Патриша Аркет.

Пејџ беше номиниранa за Оскар за улогата на бремена тинејџерка во филмот „Џуно“ (2007) и глумеше во други филмови, вклучително и научно-фантастичниот трилер „Зачеток“ од 2010 година.

Канадската актерка моментално се појавува во серијата „Амбрела академија“ на „Нетфликс“.

 

File:EllenPageByNinhaMorandin2010Inception.jpg - Wikimedia Commons

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини