Холивуд се подготвува за продолжување на снимање на филмовите по 12 јуни. Усвоен е правилник по кој ќе се одвива снимањето, а го потпишале големи филмски куќи.
Документот содржи 22 страници, а особено еден дел се однесува на романтичните и сцените со секс.
Имено, такви сцени ќе бидат избегнувани, преправени и снимани со користење CGI технологија.
Исто така, актерите и екипата која ќе работи на филмот ќе мора да се тестира на коронавирус и да почитува физичка дистанца, преносуваат странски медиуми.
Според наводите на „Дејли мејл“, личната заштитна опрема ќе биде потребна на сетовите, а на продукциите на ТВ-емисија им е забрането да имаат публика за време на снимањето.
Режисерите и актерите кои доаѓаат на кастинг ќе можат да бидат дел од аудицијата, но наводно зад плексиглас.