🎥 ХОЛАНДСКИОТ КРАЛ СЕ ПОШЕГУВА НА СМЕТКА НА КЕЈТ МИДЛТОН „Барем не ја фотошопирав“

Холандскиот крал одлучил да се пошегува на сметка на принцезата од Велс и „случајот фотошоп“, а сето тоа е снимено на видео кое подоцна било објавено на социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер.

7,144

Сите зборуваат за скандалот со фотографијата на Кејт Мидлтон (42) која е објавена за Денот на мајката, па  исто така и холандскиот крал Вилем-Александар (56). Додека се поздравувал со луѓето на улица во Цутфен во текот на неговиот кралски ангажман, кралот одлучил да се пошегува на сметка на принцезата од Велс и „случајот фотошоп“, а сето тоа е снимено на видео кое подоцна било објавено на социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер.

Во еден момент, едно дете од толпата ја спомнало фотографијата на кралот со семејството. Кралот Вилем-Александар веднаш имал подготвен одговор, а видеото набрзо станало вирално на социјалните мрежи.






– Барем не ја фотошопирав – смеејќи се рекол холандскиот крал, пишуваат „Индепендент“ и „Телеграф“.

Инаку, британската јавност не престанува да зборува за контроверзната фотографија која Кејт ја објави за Денот на мајката, а на која позира со своите деца.

Обожавателите на кралското семејство забележале дека фотографијата е фотошопирана, што подоцна и самата Кејт го призна и се извини.

Подоцна, се појавија голем број теории на заговор за здравјето на принцезата, па дури и Инстаграм воведе предупредувачка етикета во која пишуваше дека е „променета фотографија“.

Поврзани содржини