Холандски научници го најдоа ковид-19 и во канализација

495

Коронавирусот е пронајден и во градските отпадни води, открија холандски научници, објави „Блумберг“.

– Откривањето на вирусот во канализацијата, дури и кога концентрацијата на коронавирусот е мала, укажува на тоа дека надзорот на канализацијата може да биде одлична алатка за следење на циркулацијата на вирусот – велат експертите.

Коронавирусот се лачи во столицата на заразено лице. Иако е малку веројатно дека инфекцијата ќе се пренесе преку канализацијата, зголемувањето на циркулацијата на патогени во заедниците ќе ја зголеми количината што се влева во канализациските системи.

 

На 5 март е пронајден коронавирусот во пречистителната станица за отпадни води во Амерсфорт, кој се наоѓа на 50-ина километри југоисточно од Амстердам, а тогаш во тој град немало случај со заразени.

На 27 февруари Холандија го потврди првиот случај со ковид-19.

 

Поврзани содржини