Холандија забрани на мечот против Македонија да присуствуваат наши навивачи

Натпреварот од третото коло во групната фаза на Европското првенство ќе се одигра на 21 јуни.

949

Навивачите на македонската фудбалска репрезентација нема да можат да присуствуваат на стадионот каде што ќе се одигрува третото коло во групата Ц против Холандија во Амстердам, а причината е ограничувањата на патувањата предизвикани од пандемијата со коронавирусот, објави Амбасадата на Холандија во земјава.

„По повод претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сè уште на сила“, стои на Фејсбук страницата на Амбасадата на Холандија.






Но, и покрај забраната, очекувано е македонските фудбалери да имаат каква-таква поддршка од трибините, бидејќи забраната не важи и за македонските државјани кои живеат во државите од Европската Унија.

Натпреварот од третото коло во групната фаза на Европското првенство ќе се одигра на 21 јуни.

Претходно, македонските фудбалери ќе го одиграат првиот меч на европскиот шампионат на 13 јуни со Австрија во Букурешт, а 4 дена подоцна на истото место ќе се сретнат со репрезентацијата на Украина.

Поврзани содржини