ХОЛАНДИЈА ВО ПОЛИТИЧКА КРИЗА ПО ПАДОТ НА ВЛАДАТА Опозицијата бара предвремени избори, „по можност веднаш“

Лидерот на најголемата опозициска група во холандскиот парламент, Франс Тимерманс, ја опиша владата на Вилдерс како неефикасна и расцепкана, во период кога Европа се соочува со војна, а граѓаните се загрижени за сопствената иднина.

541

Холандската опозиција повика на нови избори откако крајнодесничарската Партија за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс се повлече од владејачката коалиција поради несогласувања околу миграциската политика, што доведе до нејзин пад, јави ДПА.

– Холандија заслужува влада што ќе ги обедини луѓето и ќе работи рамо до рамо на вистински решенија. Време е за избори, ние сме подготвени – изјави лидерот на најголемата опозициска група во парламентот, Франс Тимерманс.






Тимерманс ја оцени досегашната влада, предводена од популистот Вилдерс, како неспособна и расцепкана, во време кога во Европа се води војна, а граѓаните се загрижени за својата иднина.

– Ова се случува кога им се дава моќ на екстремите – додаде Тимерманс.

И лидерот на Социјалистичката партија, Џими Дајк, побара итни избори – „по можност веднаш“.

ПАДНА ВЛАДАТА НА ХОЛАНДИЈА Десничарски лидер излезе од владејачката коалиција поради расправија за азил

Поврзани содржини