Холандија стигна до водство од 3-0 против Македонија

Резултатот е неповолен, иако македонските фудбалери играат добро на арената „Јохан Кројф“, имаа еден поништен гол, една статива и уште неколку полушанси.

213

Холандија стигна до водство од 3-0, откако во 57 минута Џорџињо Вајналдум го постигна својот втор гол.

Џорџињо Вајналдум во 50 минута прво донесе водство од 2-0 за Холандија во натпреварот против Македонија во 3. коло од Ц групата на Европското првенство.






Стрелецот на првиот гол Мемфис Депај му асистираше на Вајналдум кој немаше никаков проблем од непосредна близина да го матира Столе Димитриевски.

Резултатот е неповолен, иако македонските фудбалери играат добро на арената „Јохан Кројф“, имаа еден поништен гол, една статива и уште неколку полушанси.

Поврзани содржини