ХОЛАНДИЈА И ГЕРМАНИЈА ЌЕ СЕ СООЧАТ ВО СКОПЈЕ Еуро 2022 за ракометарки продолжува со две групи во Главната рунда

Скопје ќе биде домаќин на Групата-2. Холандија се среќава со Германија утре во 18 часот, а од 20:30 часто почнува мечот помеѓу Романија и Шпанија.

138

Женското ракометно Европско првенство продолжува денеска со два натпревара од Групата 1, кои ќе се играат во Љубљана.

Од 18 часот играат Хрватска и Словенија, додека од 20:30 часот се среќаваат Унгарија и Данска. Во Групата 1 се и селекциите на Норвешка и Шведска кои ќе се соочат на 12 ноември.






Од групната фаза Норвешка пренесе 4 бода, Шведска, Данска, Хрватска и Словенија по 2, а Унгарија 0.

Скопје ќе биде домаќин на Групата-2. Холандија се среќава со Германија утре во 18 часот, а од 20:30 часто почнува мечот помеѓу Романија и Шпанија.

Франција и Црна Гора пренесоа по 4 бода од групната фаза, Холандија и Шпанија по 2, а Германија и Романија ќе стартуваат без бодови.

Поврзани содржини