ХОЛАНДИЈА ГИ ЗАБРАНУВА ХАМБУРГЕРИТЕ? „Време е да се бориме со дебелеењето“

Со други зборови, освен што Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед немаат ингеренција да одлучуваат за овие забрани на локално ниво, одредбата би се косела со личниот избор на секој човек. Треба ли да има ваква забрана?

454

Хамбургерите и каква било брза храна да бидат забранети за да може Холандија да се избори со наглото дебелеење бараат пет градови во земјата, јавува НЛ Тајмс. Петте градови испратиле писмо до Министерството за здравство, социјална заштита и спорт да им даде поголемо овластување да ја воведат забраната, пренесе МИА.

– Бидејќи ја гледаме храната како индивидуален избор, општините и владите не можат да интервенираат во ова преку закон за животна средина – рече Аника де Рутер, доцент на Универзитетот во Амстердам.






Со други зборови, освен што Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед немаат ингеренција да одлучуваат за овие забрани на локално ниво, одредбата би се косела со личниот избор на секој човек.

Треба ли да има ваква забрана? Во моментот од Министерството прават истражувања дали и како може да се подобри квалитетот на храната, особено во помалите општини.

Поврзани содржини