Македонската фудбалска репрезентација попладнево го игра последниот натпревар на своето деби на ЕП. Противник на црвено-жолтите и тоа во Амстердам, е домашната селекција на Холандија.
Домашната селекција направи голем гест на самиот почеток на натпреварот и му оддаде признание на Пандев подарувајќи му дрес од селекцијата на Холандија на која е испишано презимето на нашиот капитен, а на дресот е и бројката 122.
Овој натпревар е посебен од повеќе аспекти. Капитенот Горан Пандев за последен пат во кариерата ќе го облече репрезентативниот дрес. Селекторот Игор Ангеловски го одработува последниот натпревар од актуелниот договор со ФФМ. Но, затоа сите се едногласни, нема што да се загуби, па во мечот со „лалињата“ нашите фудбалери ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат.
Натпреварот меѓу Холандија и Македонија почна во 18 часот.