Холанѓаните масовно се лизгаа на замрзнатите канали и покрај предупредувањата (ВИДЕО)

Премиерот Марк Руте предупреди дека треба да се избегнува масовно лизгање поради ризик од ширење на коронавирусот, но и бројните повреди кои можат да ги оптоварат службите за итни случаи.

418

Холанѓаните обожуваат лизгање на мраз и конечно можеа да уживаат во неделата, бидејќи каналите замрзнаа по три години. Но, некои беа премногу воодушевени што резултираше со падови, скршени зглобови и други повреди.

Премиерот Марк Руте предупреди дека треба да се избегнува масовно лизгање поради ризик од ширење на коронавирусот, но и бројните повреди кои можат да ги оптоварат службите за итни случаи.






Но, тие не го слушаа. Во Амстердам, десетици лица се лизгаа на Принсенграхт, еден од четирите главни канали во градот, иако мразот не беше доволно густ на сите места.

Најмалку едно лице пропаднало во мразот, но успеало да излезе без туѓа помош, пренесоа холандските медиуми.

Се лизгале и во Киндердијк, на запад од земјата, на замрзнатите речни канали околу познатите ветерници, место кое е под заштита на УНЕСКО како културното наследство. Службите за прва помош работеле двојно повеќе од претходниот ден.

– Беше потребно да се искористи можноста затоа што нема да има друга можеби и повеќе години – рече 71-годишниот Кок Харткоорн.

И тој е во право затоа што метеоролозите најавија затоплување уште во денеска.

Лизгањето на мраз е холандска традиција и секој има подготвено пар лизгалки во случај замрзнување на каналите.

Поврзани содржини