ХОЛАНЃАНЕЦ ИМА 550 ДЕЦА И НЕ ЗАПИРА! Донор на сперма е на суд за предизвикување ризик од инцест

Со години ги лажел сите, на клиниките тврдел дека само таму донира, а на идните мајки им кажувал дека има најмногу десетина потомци. Сега има судска забрана да донира сперма, а во спротивно ризикува казна од 100.000 евра.

879

Џонатан Џејкоб Мејер (42), донор на сперма, има 550 деца расфрлани низ целиот свет. Од нив околу 375 живеат во Холандија, 80 во Германија, 35 во Белгија, четири во Аргентина и двe во Австралија.

Неговиот „потфат“ започнал во 2007 година, кога се регистрирал како донор на сперма во 11 клиники и банка за сперма истовремено. Исто така, се приклучил на неколку групи на Фејсбук за жени и брачни двојки кои сакаат, но не можат да имаат деца. Со години ги лажел сите, на клиниките тврдел дека само таму донира, а на идните мајки им кажувал дека има најмногу десетина потомци, пишува Дејли меил.






Меѓународниот суд во Хаг на почетокот на годинава му забрани да продолжи да донира сперма, а доколку го стори тоа ризикува казна од 100.000 евра. На прашањето зошто сака толку многу да донира сперма, тој одговорил дека сака да направи нешто значајно во својот живот.

Многу мајки на деца зачнати со неговата сперма жестоко го осудија откако дознаа колку многу сперма донирал и колку многу потомци има. Тие стравуваат од опасноста еден ден нивните деца да стапат во инцестна врска или брак со свои крвни браќа или сестри.

Мајките со деца кои имаат виткана руса коса и продорни руси очи дури случајно се сретнале, и констатирале дека имаат ист донор. Некои од нив формираа онлајн-група за да најдат други жени кои исто така користеле сперма од истиот донор. Групата засега брои 157 членови.

Банката за сперма ги продавала неговите донации за околу 1.300 евра по примерок, иако тој тврди дека донирал сперма бесплатно.

– Не барам ништо, понекогаш добивам подарок од 75 евра, авионска карта или камера – рекол донаторот.

Една од мајките на детето зачнато со неговата сперма го тужеше Холанѓанецот во април, тврдејќи дека неговите постапки го зголемуваат ризикот од инцест за нејзиното дете.

– Да знаев дека има повеќе од сто деца, никогаш немаше да го изберам! Кога размислувам за последиците за детето, ми се гади. Многу мајки му рекоа да престане, но тоа не се случи. Одењето на суд беше единствената опција да го заштитам моето дете – изјави една мајка.

Неа ја поддржува и Ван дер Мерве, директор на организацијата Доноркинд, кој и самиот е дете на донатор.

– Со ваквото опасно однесување ги прекршува договорите со клиниките и идните родители бидејќи се обврзал да донира сперма за најмногу 25 деца. Во нивните тинејџерски години, неговите деца можеле да се заљубат еден во друг без да знаат дека се биолошки брат и сестра. Шансите се мали, но не се невозможни. Холандија е мала земја, со 17,5 милиони луѓе. Во 2020 година, нешто помалку од 12 отсто, поточно околу 2,1 милиони, припаѓале на возрасната група од 15 до 24 години. А Мајер само во Холандија има 375 свои потомци – вели Ван дер Мерве, кој и самиот има 18 деца преку донација на сперма.

Тој е уверен дека Мајер се обидува да постави некаков рекорд и дека веќе има околу 1.000 деца. Ако навистина е така, тој би бил втор човек во историјата според бројот на деца, по монголскиот водач Џингис Кан, за кој се верува дека имал околу 2.000 деца.

Поврзани содржини