Хоџа: Владата нема да ги коментира изјавите на партиите, продолжуваме со реформите

Северна Македонија е членка на НАТО и оди понатаму, кон членството во ЕУ. Продолжуваме и со спроведување на реформите во земјата со цел еден ден да бидеме дел од европското семејство - подвлече Хоџа. 

219

Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на партиите, продолжуваме со реформите и евроинтеграциската агенда

Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сака да истакне дека земјава останува посветена на евроинтеграцискиот пат, рече денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашното обвинување на Арбен Таравари до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека води проруска политика и дека државата воопшто не спроведува санкции за Русија.






– Северна Македонија е членка на НАТО и оди понатаму, кон членството во ЕУ. Продолжуваме и со спроведување на реформите во земјата со цел еден ден да бидеме дел од европското семејство – подвлече Хоџа.

Поврзани содржини