ХОЏА СЕ ЗАКАНИ Желино може да растури Влада

1,785

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, испрати политичка порака преку совојот Фејсбук профил.

„Желино, во кое се роди една партија (како движењето Беса), може да биде и Желино кое растура една Влада“, напиша Хоџа.






ДУИ реагираше до ДИК со 2 приговори за избирачки места во Желино каде разликата е тесна и изнесува 69 гласови во полза на кандидатот од Беса. Приговорите на ДУИ се однесуваат на тоа дека  отпечатоците од прст не се совпаѓале со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта.

 

Хоџа е генерален секретар на Беса, партија која е дел од владината коалиција.

Поврзани содржини