ХОЏА ОД БЕСА СЛИКАН НА КАФЕ СО МУСА ЏАФЕРИ ОД ДУИ Зошто ме следат и ме фотографираат? (ФОТО)
Се поставува прашањето: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова се надоврзува со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на еден министер при оставката на актуелната Влада, напишал Хоџа на Фејсбук.
Фотографии од средба на Аријанит Хоџа, поранешниот министер за земјоделство од редовите на Беса, со Муса Џафери од ДУИ во кафуле, осамнаа утринава на Фејсбук, а Хоџа обвини дека е следен и дека намерно го фотографираат. Тој ги објави сликите од оние кои го фотографирале и побара службите да преземат нешто.
„Гледам дека почнаа да споделуваат фотографија од мене со Муса Џафери, оваа средба е одржана во јавноста без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Јас како активна политичка личност имам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за политички настани. Се поставува прашањето: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова се надоврзува со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на еден министер при оставката на актуелната Влада“, се вели во неговиот пост.
„Ако некој е исплашен од фотелјата на власт и го кочи растот на Движењето БЕСА, тоа е проблем на тие што ја имаат оваа грижа, а не наш.
П.С. На фотографијата се луѓето кои ја направиле фотографијата. Посакувам службите да преземат соодветни мерки за тоа кои се луѓето кои ме придружуваат во секој потег и кои се причините за придружба на поранешен министер!“, напишал Хоџа на Фејсбук.
Партијата Беса неодамна излезе од владината коалиција.