Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието ќе имаме четири пратеници. Коалицијата „Можеме“ ја направи разликата и ја обезбеди победата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.
– Несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграција на земјата во Европска унија и одржување на прозападната орентација на земјата потпирајќи се на нашите сојузници како САД и земјите членки на ЕУ – изјави Хоџа.
Хоџа истакна дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и преземале ризик, како што наведе, „кој никој не се осмелил досега и докажавме дека ја направивме вистинската одлука со тоа што застанавме на вистинската страна“.
– Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избои ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници – ре Хоџа.
На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.
– Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки – вели Хоџа.
Во врска со тоа каде биле вчера Беса додека СДСМ славеше победа, генералниот секретар на партијата истакна дека тие ги собрале резултатите од шестата изборна единица и не успеале на стигнат од Тетово.
– Бевме поканети, но заради тоа што штабот ни беше во Тетово не успеавме да стигнеме. Но, сме во целосна комуникација и координирани за се. Без разика на се, ние може да славиме победничка коалиција. Тоа е најважното во целата приказна и наредната влада ќе биде предводена од оваа коалиција – рече Хоџа.