Хоџа: Беса нема проблем ако Алтернатива влезе во влада

1,034

Навестува ли генералниот секретар на Беса и министер за земјоделие, Арјанит Хоџа окрупнување на владеачкото мнозинство? Тој заТВ21 првпат јавно изјави дека Беса како партија не гледа проблем ако Алтернатива се приклучи на парламентарното мнозинство и стане дел од Владата.

Хоџа кажа дека за такво нешто одлучува премиерот Зоран Заев, и дека за нив е важно да се реализира владината програма.






Алтернатива се отцепи од Беса, а на последните парламентарни избори настапи во коалиција со  Алијансата за Албанците на Зијадин Села.

Поврзани содржини