Хит ВИДЕО: Претседателот на Јужноафриканската Република се изнамачи да ја стави маската

За тие кои ме исмеваа ќе отворам ТВ канал на кој ќе ги подучувам луѓето како да стават маски. Така ќе може да погледнете како се става маска.

1,080

Јужноафриканскиот претседател, Цирил Рамапхоса фатен е како се мачи да стави маска за лице.

Пред да се изнапати со маската, претседателот Рамапхоса објави дека земјата ќе олабави некои од ограничувањата од идниот месец.






Тој ги повика луѓето кои патуваат со јавен превоз да носат маски.

Видеото стана инстант хит на социјалните мрежи, на кои го исмевале претседателот.

Сепак, претседателот на реакциите на социјалните мрежи одговори:

– За тие кои ме исмеваа ќе отворам ТВ канал на кој ќе ги подучувам луѓето како да стават маски. Така ќе може да погледнете како се става маска.

Поврзани содржини