Хит реакцијата на Шерон Стоун на обновената романса на Бен Афлек и Џеј Ло ФОТО

2,678

На темата за обновената романса помеѓу пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек не можат да одолеат ниту славните личности. Своето мислење, во само неколку букви со прашалник на крајот го сумираше и актерката Шерон Стоун го сумираше, која ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Комичарката Мишел Колинс во понеделникот на Инстаграм објави скриншот од својот твит за познатиот пар од почетокот на 2000-тите, кој се чини дека во последно време ја обновува својата романса.






Оригиналната објава ја вклучува фотографијата со 48-годишниот Бен Афлек и 51-годишната Џенифер Лопез во автомобилот, која комичарката ја искоментира:

„Џеј Ло е со него околу две недели и тој е повторно жежок. Се обложувам дека неговата тетоважа од феникс на грб полека исчезнува како фотографиите во „Враќање во иднината““.

Шерон Стоун, со својот одговор на објавата, се чини дека наглас го искажа она што многумина го мислат, а станува збор за другиот поранешен свршеник на Џеј Ло, бејзбол играчот Алекс Родригез, со кого латино дивата неодамна ја раскина врската.

„Да, мислам, кој те врти А-Род?“, напишала 63-годишната Шерон Стоун, реферирајќи на Алекс Родригез, што би се рекло, довчерашниот свршеник на Џенифер Лопез.

„Ми требаат повеќе вашите мислења во животот“ и „Поради ова секогаш ќе биде кралица“, се само некои од коментарите на објавата на Стоун.

Sвездата на „Основен инстинкт“ не е единствената славна личност која го коментираше повторното обединување на поранешната двојка. Свое мислење даде и најдобриот друга на Бен, актерот Мет Дејмон во емисијата „Тудеј“.

„На светот нема доволно ликери за да ме натераат да кажам нешто за тоа“, се пошегува 50-годишниот оскаровец и додаде дека за патувањето на неговиот пријател дознал дури кога се појавиле фотографиите.

„Тоа е фасцинантна приказна, се надевам дека е вистина. Ги сакам и двајцата… Тоа би било супер“, коментирал Дејмон.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини