ХИРУРЗИТЕ ВО ШОК Косовец четири дена имал телефон во стомакот

Докторот кој ја извршил интервенцијата објасни дека човекот имал телефон Нокиа во стомакот четири дена, без да наведе како тој влегол во стомакот.

1,306

Во Клиничкиот центар во Приштина, на 33-годишен маж му бил отстранет мобилниот телефон од стомакот, без употреба на нож.

Ова го објави д -р Скендер Телаку, наведувајќи дека операцијата е извршена ендоскопски, пренесува Коха.






– 33-годишниот маж голтнал мал телефон пред четири дена. Ендоскопски, без да го исечеме стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела. Без компликации – рече д-р Телаку за косовските медиуми, без да зборува за причината поради која Косовецот го направил овој налудничав чин.

Тој објасни дека човекот имал телефон Нокиа во стомакот четири дена, без да наведе како тој влегол во стомакот.

Поврзани содржини