Почитувани, чувствувам морална и професионална одговорност да ве информирам дека вчера се тестирав на коронавирусот и резултатот е позитивен. Да споделиш своја болест во јавноста е тешко, но драги мои, длабоко сум убеден дека колективното здравје во моментов е поважна од секое индивидуално здравје. Се надевам дека ќе бидам во вашите молитви:
Цело време за време на мојата болничка служба носев маска N95, но ве молам, секој кој бил во контакт со мене, а чувствува потреба за консултаација, тоа нека го направи преку матичниот лекар и со епидемиолог преку телефон.
(статус на Фејсбук на д-р Кемал Рушити од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија)