ХИПЕРСОНИЧЕН УДАР СО ПОТПИС НА ПУТИН „Орешник“ влегува во масовно производство по нападите врз Украина

Системот „Орешник“ беше употребен првпат на 21 ноември 2024 година во напад врз украинска одбранбена фабрика во градот Дњепар.

1,270

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија веќе го започнала сериското производство на најновиот хиперсоничен ракетен систем со среден дострел „Орешник“, кој првпат бил употребен во напад врз Украина во ноември минатата година.

– Производството на најновиот ракетен систем со среден дострел е во тек – изјави Путин пред дипломирани воени кадети, додавајќи дека „Орешник“ се покажал „многу добро во борбени услови“.






Според Путин, тоа било директен одговор на првите напади со балистички ракети произведени во САД и крстосувачки ракети од Велика Британија, кои Украина ги употребила против руска територија.

Рускиот лидер тогаш се закани со дополнителни напади, вклучително и кон „центрите за донесување одлуки“ во Киев, доколку Украина продолжи да користи западно оружје со долг дострел.

Ракетите од типот „Орешник“ имаат домет до 5.500 километри, што потенцијално ги прави способни за напади врз било која точка во Европа, па дури и западниот дел на САД.

Поврзани содржини