🎥 ХИП-ХОП СПОМЕН ОД СКОПЈЕ Тинејџери од Нирнберг приредија шоу пред Порта Македонија

Групата учествува на Светско првенство во хип-хоп и стрит денс, „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“, кое се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Погледнете ја нивната изведба на улица.

3,342

Тинејџерска хип-хоп група од Нирнберг, Германија, вчера го привлече вниманието на минувачите пред Порта Македонија.

Младите танчери неколку пати повторија една добро увежбана точка, позирајќи и уживајќи на сончевото попладне во центарот на Скопје.







Групата учествува на Светско првенство во хип-хоп и стрит денс, „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“, кое се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Учествуваат околу 5000 танчери, а публиката има можност да проследи натпреварувања во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.

Поврзани содржини