ХИЛАРИ СТРАДА ОД ТРАМПОВО РАСТРОЈСТВО Трамп негира дека се кријат документи за Епстин

Претседателот на САД ги отфрли обвинувањата на Хилари Клинтон дека неговата администрација го прикрива објавувањето на досиејата за Џефри Епстин, тврдејќи дека нема никаква врска со случајот. Тој оцени дека поранешната државна секретарка страда од „Трампов синдром на растројство“, додека Клинтон инсистира на целосна транспарентност и јавно сведочење.

474

Американскиот претседател Доналд Трамп возврати на обвинувањата на некогашната прва дама и државен секретар Хилари Клинтон дека неговата администрација го прикрива објавувањето на документи за Џефри Епстин.

Трапм вели дека Хилари страда од „Трамповиот синдром на растројство“.






– Немам што да кријам, ослободен сум од обвинение и немам никаква врска со Џефри Епстин. Тие се вовлечени во тоа и тоа е нивен проблем. Ќе видиме што ќе се случи. Таа сериозно страда од Трамповиот синдром на растројство – рече Трамп денеска кога новинарите го прашаа за обвинувањата на Хилари Клинтон.

Претходно, Хилари во интервју за Би-Би-Си ја обвини администрацијата на Трамп за „намерно забавување“ на објавувањето на досиејата поврзани со осудениот сексуален престапник. Според Хилари, таа и нејзиниот сопруг станале политичка цел, додека „секој што е повикан на суд за случајот Епстин треба да сведочи“.

Поврзани содржини