ХИЛАРИ Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД Поранешната прва дама има благи симптоми на настинка
„Се тестирав и сум позитивна на ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста, напиша таа на Твитер.
Поранешната прва дама на САД, а воедно и претседателски кандидат на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон објави дека е позитивна на коронавирусот.
„Се тестирав и сум позитивна на ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста“, напиша таа на Твитер.
Клинтон (74) апелираше до граѓаните на САД да земат засилена доза од вакцините, доколку тоа се уште не го направиле.