Актерката и пејачка Хилари Даф го роди третото дете, второ во бракот со сопругот Метју Комо.
„Меј Џејмс Бер, ја сакам твојата убавина“, напишала гордата мајка Хилари на Инстаграм.
Покрај тоа популарната актерка го напишале и денот на раѓањето 24 март на своето трето дете.
Даф на социјалните мрежи објави и црно бела фотографија со новороденчето, сопругот и со двегодишната ќерка Бенкс и синот Лука кој има девет години.
Меј и Бенкс Хилари Даф ги добила во бракот со сопругот Комо, со кого е во брак од декември 2019 година. Деветгодишниот син Лука е од бракот со првиот сопруг Мајк Комри.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм