ХИГИЕНАТА ВО КАРПОШ ПРИОРИТЕТ ВО ПРВИТЕ 2 ГОДИНИ Заедно ќе ги решиме проблемите, им порача Лукровски на граѓаните
Карпош заслужува чистота, уреденост и хигиена на ниво, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, на средба со граѓаните.
Како карпошани се судруваме со истите проблеми со кои вие се судрувате, меѓутоа ги анализиравме и низ анкета од пред месец и пол дена, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, на средба со граѓаните.
– Направивме едно согледување на над 600 испитаници кои, горе-доле, ги детектираат истите проблеми во сите урбани заедници, па така и во вашата. Знаеме со што се соочувате, многу диви депонии, имате проблем во одредени делови со канализацијата, со водоводот. Значи, тоа ќе биде воглавно она што ќе биде наш приоритет во првите 2 години – рече Лукровски.
Карпош заслужува чистота, уреденост и хигиена на ниво, заедно ќе ги решиме проблемите што нè мачат, порача кандидатот за градначалник на Карпош.