ХИБРИД ОТКРИЕН НА КИПАР Делтакрон е новиот сој на ковид-19

1,323

Хибрид меѓу соевите делта и омикрон, всушност нов вид на ковид-19 бил откриен на Кипар од група локални научници кои работат во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирологија на Универзитетот во Кипар, јави ТАСС.

Истражувачите ја нарекоа новата варијанта делтакрон, изјави за новинарите шефот на лабораторијата Леонтиос Кострикис.






Според него, новата варијанта има генетска основа на сојот делта, но и голем број мутации во сојот омикрон.

Во текот на декември биле извршени продлабочени генетски анализи на 1.377 теста, а кај 25 од нив е откриен новиот вид на ковид-19. Сите тестови биле од хоспитализирани пациенти.

Поврзани содржини