ХЕЗБОЛАХ ГО ЗАГУБИ ДОЛГОГОДИШНИОТ ЛИДЕР Израел тврди дека во Бејрут го убиле Хасан Насрала

Израелската армија соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во седиштето во Дахија, јужно од Бејрут.

1,317

Израелската армија денеска соопшти дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала во нападот на Бејрут.

Армијата соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во седиштето во Дахија, јужно од Бејрут.






Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 е повреден во вчерашните напади во кои се урнати шест станбени згради.

Насралах е на чело на Хезболах повеќе од три децении.

Од организацијата нема потврда дека лидерот им е убиен.

Поврзани содржини