Хероината од „Дара од Јасеновац“ живее во тешки услови: Станува во 6 часот, храни добиток, мајката ги напуштила ВИДЕО

1,591

Билјана Чекиќ, 13-годишното девојче кое се прослави со улогата на Дара во филмот „Дара од Јесеновац“, била напуштена од својата мајка пред шест години, а за неа, и за постариот брат и сестра се грижи нивниот татко Радован.

Животната приказна на Билјана не е лесна. Девојчето кое живее во селото Срефлије, на десетина километри од Козарска Дубица, ја воспитува самохраниот татко, Радован Чекиќ, заедно со нејзиниот брат и постарата сестра. Билјана оди во осмо одделение, а бабата и дедото на Билјана му се поддршка на Радован.






– Јас самиот се грижам за децата. Тоа е вистина. Јас се борам, но има Бог кој сè гледа – вели Радован.

Тој објаснува дека пред шест години неговата сопруга го напуштила семејството.

– Тешко е да се живее. Работам цел ден и ноќ во дрвната индустрија за да можам да ги едуцирам сите три деца и да ги изведам на вистинскиот пат. Јас само го молам Господ да ми помогне во моето здравје – признал Чекиќ.

Билјана живее со семејството во недовршена куќа во село кое според пописот има само 196 жители. Единствени деца во ова село се таа, нејзината сестра Дајана и братот Стефан.

Таа секое утро станува пред 6 часот за навреме да стаса во училиште, при што, до првата автобуска станица пешачи 1,5 км. По училиштето, ги завршува домаќинските работи и му помага на татко си околу добитокот.

Скромната филмска хероина вели дека е најсреќна кога си игра со братот и сестрата и кога вози велосипед, а најважно ѝ е тоа што секогаш се заедно.

ФОТО: РТС

Поврзани содржини