ХЕРОИНА ОД ТУЗЛА ЈА ИЗНЕЛА МАЈКА СИ ОД ПЕКОЛОТ „Тука 3 години ништо не се променило“

Кога конечно ја прегрнала мајка си, вели дека почувствувала дека времето застанало. Ја покрила со ќебе, ѝ дала вода и останала со неа до 2 часот по полноќ. Алма се жали и дека покрај лошите услови во домот, цените за престој на горните катови достигнуваат и до 1.600 марки.

873

Кога огнот го зафати Домот за пензионери во Тузла, Алма Тадиќ влетала без двоумење. Единствената мисла ѝ била дека мора да ја спаси мајка си, јавува Н1 пренесувајќи го свероштвото на Алма.

Мирисот на чадот, паниката и крикот на старите луѓе ја следеле во трчањето низ темните ходници. „






– Морав да ја најдам мајка ми – раскажала Алма со глас што трепери.

Кога конечно ја прегрнала мајка си, вели дека почувствувала дека времето застанало. Ја покрила со ќебе, ѝ дала вода и останала со неа до 2 часот по полноќ. Сликата на изгорениот простор и вознемирените луѓе околу неа останале во нејзините мисли како жив кошмар.

Зад оваа херојска ноќ се крие и друга, прашањето за лошите услови во Домот за стари лица. Според жителите на Тузла, во зградата со години не се инвестирало.

 

– Запоставено е, жално е. Мајка ми е тука 3 години и ништо не се променило – изјавила Алма.

Таа додала дека цените за престој во домот се високи, до 1.600 марки на горните катови, а условите катастрофални.

Регионалните медиуми објавија и дека во јавноста постои дилема зошто најранливите граѓани во домот биле сместени на горните катови.

Пожарот кој изби на седмиот кат од домот во Тузла одзеде 11 жртви, додека повеќе од 3 лица се повредени.

Градоначалникот најави истрага и одговорност.

Денеска во Федерацијата Босна и Херцеговина и во Црна Гора е Ден на жалост во чест на жртвите од пожарот во дом за стари лица во Тузла, јавуваат локалните медиуми.

Поврзани содржини