„Херојот се врати дома“. Со овие зборови и со аплауз, македонски знамиња и натписи беше пречекан од десетина македонски морнари, амбасадорот во Бразил на Македонија, Ивица Боцевски, вчера на граничниот премин Деве Баир.
„Капeтанот секогаш го напушта бродот последен, така и нашиот голем херој, амбасадорот Ивица Боцевски конечно последен се врати дома после успешно завршената мисија за врќање во земјава на сите македонски морнари кои со месеци беа заглавени на бродовите ширум светот поради кризата настаната од ковид-19“, пишува на Фејсбук, Димитар Стојановски.
Процесот со макотрпно дипломатско залагање за враќање на неколку стотици морнари, како и многу други македонски граѓани кои беа заглавени ширум светот траеше околу 3 месеци, додава тој.
Амбасадорот Боцевски се врати во Македонија со своето семејство преку Република Бугарија. Го пречекаа десетина македонски морнари кои беа дојдени на границата од повеќе градови во Македонија и во името на сите свои колеги морнари ја искажаа нивната голема благодарност кон амбасадорот.