🎥 ХЕРОЈОТ ЈОВАН СВЕДОЧИ ЗА КОБНАТА НОЌ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Средношколецот раскажа за траумите и за страшните глетки

Јас после тоа се освежив малку таму, имаше многу девојчиња што лежеа и една девојка лежеше на страна, знам и се тресеше и некој рече кој знае да помогне си го проголтала јазикот. И јас земав, фатив, и го потегнав јазикот, ама јас не сум го правел тоа, не знам како. После стигнаа докторки, и помогнаа, ја измија, ја качија во една кола, вели средношколецот Јован Костадинов.

703

Херојот Јован Костадинов, средношколец кој спаси 21 лице во пожарот во Кочани ја раскажа својата приказна за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува.

– Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода едно две-три минути. После јас го зедов цревото, се измокрив, а тие останаа уште да ги прскаат. Јас отидов на главниот влез, ама таму беа многу заглавени и немаше можност да влезеш – го започнува Јован своето траорно сведоштво.






Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат младите, затоа што биле онесвестени, и практично сам на раце требало да ги вади од дискотеката. Ги изнесувал само до излезот, каде ги преземале други, за тој веднаш да се врати по нови загрозени.

– Јас после тоа се освежив малку таму, имаше многу девојчиња што лежеа и една девојка лежеше на страна, знам и се тресеше и некој рече кој знае да помогне си го проголтала јазикот. И јас земав, фатив, и го потегнав јазикот, ама јас не сум го правел тоа, не знам како. После стигнаа докторки, и помогнаа, ја измија, ја качија во една кола. Ми беше многу лошо, очите ме печеја и ми се вртеше свест. Ме качија во една кола, во колата имаше уште двајца со мене, свесни, изгорени, јас им ги држев главите право, да не си го голтнат јазикот. Во болницата кога ги однесовме директно им ставија кислород, проверија дали имаат пулс. Таму во болницата беше хаос –  вели Јован.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

Поврзани содржини