ХЕРОЈОТ ОД „ЕМИРАТИ“ НЕМА ДА НАСТАПИ ВО РЕВАНШОТ СО АРСЕНАЛ? Дембеле е повреден, времето истекува

еројот од првиот натпревар, единствениот стрелец на „Емирати“, се здоби со повреда на задната ложа и беше принуден да го напушти теренот во второто полувреме. Медицинските прегледи покажале дека повредата не е сериозна, но ризикот Дембеле да не биде во составот за реваншот сè уште постои.

257

Париз го чека реваншот од Лигата на Шампионите со Арсенал, но облаци на неизвесност се надвиснаа над „Паркот на принцовите“. Иако ПСЖ влегува со минимална предност од 1-0, можеби ќе мора да се соочи со лондончаните без својот највпечатлив играч – Усман Дембеле.

Херојот од првиот натпревар, единствениот стрелец на стадионот „Емирати“, се здоби со повреда на задната ложа и беше принуден да го напушти теренот во второто полувреме. Медицинските прегледи покажале дека повредата не е сериозна, но ризикот Дембеле да не биде во составот за реваншот сè уште постои.






Тој сезонава блеска во Лигата на шампионите. На 13 натпревари постигна осум голови и имаше три асистенции. Секоја бројка сведочи за неговото значење, а секој ден без него ја зголемува вознемиреноста кај навивачите на „Светците“.

Реваншот помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се одигра во среда, на 7 мај 2025 година, на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз.

Поврзани содржини