ХЕРОЈ КОЈ БЕШЕ УБИЕН ВО ВЕЈЦЕ ДОБИ СПОМЕНИК Портрет на „волкот“ Бобан Трајковски насликан во Куманово

Бобан бил во „хамерот“ што го управувал водникот Миле Јаневски-Џингар, исто така убиен во масакрот кај Вејце. На Трајковски со кундак од пушка му е згмечена главата, имал две прострелни рани, а со нож три рани му биле отворени на градниот кош и во пределот на подлактицата.

668

Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија кој на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт доби мурал во родното Куманово.

„Не сакам да ги оставам другарите сами, да гинат. Морам да одам!“, им велел Трајковски на најблиските секојпат кога ќе го прекинел и отсуството за да се врати на бојните полиња во Танушевци, Малино Маало, тетовско Кале, кумановско.






Така било и на 28 април 2001 година, кога заминал во мешана патрола од четири возила (две „лада нива“ и два „хамера“) со вкупно 16 бранители – осуммина армиски „волци“ и уште толку од Посебната единица на СВР Битола. Околу 18 часот тој ден патролата паднала во заседа и осуммина биле убиени и масакрирани.

Бобан бил во „хамерот“ што го управувал водникот Миле Јаневски-Џингар, исто така убиен во масакрот кај Вејце. На Трајковски со кундак од пушка му е згмечена главата, имал две прострелни рани, а со нож три рани му биле отворени на градниот кош и во пределот на подлактицата. Смртта настапила од хеморалгичен шок поради огнострелен канал на срцето и загуба на поголемо количество крв. При обдукцијата на телото на Бобан се констатирани три убодни рани на десната страна од градниот кош, една прободна рана во пределот на подлактицата, една прострелна повреда во градниот кош, една прострелна рана на десната надлактица, како и нагмечување на главата со кундак.

По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот биле живи запалени. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени.

По убиството, бандата составена и од муџахедини ги масакрирала жртвите, а потоа се повлекла во шарпланинските села и се упатила кон граничниот реон, од каде што пребегала во Косово. Според сведоштва на очевидец, кој успеал да се спаси од масакрот – во заседата биле неколку десетици луѓе, меѓу кои и луѓе со долги бради и ножеви со кои го завршиле масакрот до крај.

За својата жртва за Македонија, Бобан Трајковски постхумно доби медал за храброст.

Поврзани содржини