Хендерсон: ВАР намерно ги искривува линиите за да изгледа како офсајд
Мислам дека ВАР понекогаш намерно ги искривува линиите за да изгледа како офсајд. Не знам точно како го прават тоа, но го имам видено и порано. Мора да биде офсајд, сите го сакаат тоа, рече играчот за врска.
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, не смета дека ВАР „игра“ според правилата. Вчера, видео-технологијата не го призна неговиот веројатно победнички гол за 3: 2 против Евертон (2: 2) во градското дерби од Премиер лигата. Во предметната ситуација беше оценето дека Садио Мане бил во одсајд малку порано во нападот.
– Мислам дека ВАР понекогаш намерно ги искривува линиите за да изгледа како офсајд. Не знам точно како го прават тоа, но го имам видено и порано. Мора да биде офсајд, сите го сакаат тоа, рече играчот за врска.
„Црвените“ побараа од Премиер лигата да ја испитаат употребата на видео технологија во овој случај и во оној со груб влез на голманот Џордан Пикфорд во нозете на Вирџил ван Дајк, што доведе до можна сериозна повреда на Холанѓанецот. Тогаш беше обележан офсајд и всушност не беше земена предвид интервенцијата на англискиот репрезентативец. Според „црвените“, ова е можен црвен картон.
Хендерсон откри дека по мечот Пикфорд изразил жалење за овој влез и го замолил да му го пренесе извинувањето на Ван Дајк.