Хематологија работи со полн капацитет

Секојдневно, како што посочуваат од Министерството, на оваа Клиника се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал.

339

Универзитетска Клиника за хематологија во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство.

Секојдневно, како што посочуваат од Министерството, се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24-часовен континуиран специфичен третман. Најважна улога во превенцијата на Ковид-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест.






Поспецифичните препораки за најчестите хематолошки заболувања може да се прочитаат на линкот: shorturl.at/xOS56 .

Поврзани содржини