ХЕМАТОЛОГИЈА ДОБИ НОВ ЦИТОМЕТАР Персоналот се обучи да работи на новиот апарат

Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата земја и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести.

295

На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа, објави на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата земја и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести.






„Изминатите четири години Клиниката за хематологија е комплетно реновирана според европските стандарди и услови за хоспитализација. За првпат во нашата држава се воведени сите услуги од палетата на трансплантација, несродната, полуидентична и детските трансплантации. Набавена е нова опрема за процесот на трансплантација, апарат за крипорезервација-смрзнување на матични хематопоетски клетки, апарат за одделување на клеточни продукти-афереза, како и апарат за фотофереза, со кој се лекуваат најтешките пострансплатациони компликации. Од минатата година, има и активна улога во прогностичката стратификација на тешките пациенти со ковид-19, се одредуваат во периферната крв Т клеточните субсетови кај овие пациенти, напиша Филипче.

На персоналот на Клиниката лекарите и медицинските сестри Филипче им честита за вложениот труд, ентузијазам, тимска работа и професионалност во извршување на секојдневните интервенции, работејќи со извонредно тешка и вулнерабилна група пациенти.

Поврзани содржини